• Sat. Nov 23rd, 2024

Царовска: Најавите за бојкот на наставата се неконструктивни, сфатете дека во ризик се човечки животи

Министерката за образование и наука Мила Царовска одговарајќи на новинарски прашања за најавите на бојкот на наставата, рече дека се неодговорни и дека сите носиме одговорност за заштита на јавното здравје.

Во исклучително посебни услови, во време на пандемија, успешно ја стартувавме учебната година, така што дел од учениците наставата ја посетуваат со физичко присуство, под посебни протоколи, а дел следат од далечина, велат од ресорното министерство.

„Има комисија којашто навистина си ја знае работата поврзано со епиодемиолошката состојба. Ако тие велат дека нашето јавно здравје е заштитено само на овој начин, а одлуките нивни се базираат на факти, јас ги почитувам и барам од сите родители, сите ученици, сите директори, сите градоначалници, да ја следиме нивната препорака, да ги следиме нивните одлуки, зашто само така можеме да се одржиме на ова ниво и понатаму да го намалуваме бројот на заразени во нашата држава. Се што ќе значи непочитување на нивните одлуки го носи во ризик нашето здравје, здравјето на сите наши најмили и тоа не е само флоскула, тоа се животи, тоа се нечии мајки, тоа се нечии татковци, тоа се нечии баби, тоа се нечии дедовци. Да не ги ризикуваме животите на нашите најблиски, сакајќи на неконструктивен начин да покажеме незадоволство“, изјави денес Царовска.

Министерката повторно нагласи дека ова не е ситуација во која се наоѓаме затоа што сакаме, туку затоа што мораме и затоа треба да се носиме со ситуациите коишто се пред нас, со достоинство.

извор: Макфакс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *