• Sat. Nov 23rd, 2024

Хусто Хорхе Падрон дојде во Радовиш за наградата „Ацо Караманов“

Еден од најголемите живи поети во светот викендов е во Радовиш. Шпанскиот поет со светски глас, Хусто Хорхе Падрон, пристигна во Македонија за да присуствува на 46 „Караманови средби“ кои годинава се во знакот на јубилејот 1000 години Радовиш. 

Падрон е добитник на Европската награда „Ацо Караманов“ којашто годинава се доделува првпат. Реч за делото на Падрон одржа професорката Кристина Николовска, додека поетот и новинар Ѓорги Калајџиев ја презентираше биографијата на Хусто Хорхе Падрон. 

Овие Караманови средби се одбележваат со уште една нововостановена награда. Балканска награда за поезија „Ацо Караманов“ која ја доби хрватскиот поет, есеист и уредник, Валерио Орлиќ. 

Традиционалната награда за најдобра необјавена поетска книга, пак, оваа година е за поетесата Даниела Андоновска Трајковска.

Во тридневното издание на поетскиот фестивал, ќе се промовираат и збирките поезија на наградените автори Орлиќ и Трајковска, „Обележувам ѕвезди“ и „Електронска крв“.

Писателот Стојан Тарапуза одржа беседа за Ацо Караманов, а настанот го отвори самостојната ликовна изложба на академскиот сликар Ниче Василев. 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *