Завчера беше организирана хуманитарна акција од Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Струмица и Форумот на жени на СДСМ Струмица и Босилово, при што во Општинска организација Струмица беше предадена помош во облека, постелнина и обувки во износ од окулу 400 кг.
Собраната помош е предадена за социјалните семејства кои имаат потреба од истата.Во наредните денови помошта ќе биде донирана до крајните корисници.
Глема благодарност на членките на форумот на жени на СДСМ од страна на лицата кои ќе ја користат помошта.
Голема благодарност и до волонтерите на Црвениот крст кои помогна во средувањето на добиената помош.