Различни украси, керамички вазни, кошнички за велигденски јајца изработија децата и младинците членови на Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“ од Струмица. Денеска традиционално се одржа хуманитарниот велигденски хепенинг на оваа здружение, кој секогаш се реализира на празникот Лазарова сабота. Дел од членовите украсуваа и бојадисуваа велигденски јајца, а производите беа презентирани и продавани по симболична цена.
Парите собрани од продажбата на овие предмети ќе бидат искористени за опремување со потребен дидактички материјал на Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“.
На хуманитарниот хепенинг присуствуваа и градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, волонтерите при општинската организација на Црвен крст, Струмица како и претставници од Младински совет, кои се активни поддржувачи на велигденскиот хепенинг.