• Fri. Nov 22nd, 2024

Хроничните болни ќе се вратат на работа ако не обезбедат потврди од специјалист дека состојбата им е влошена

ByВане Трајков

Sep 10, 2020

Владата на Република Северна Македонија ги усвои предлозите на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство и тоа:Вработените лица кои се ослободени од работа врз основа на утврдената листа на хронични болести да се вратат на своите работни места и редовно извршување на работните задачи. Исклучок од ова ќе бидат само лицата (пациенти) кај кои болеста е во фаза на егзацербација (влошување) и за оние со малигна болест, за кои ќе биде дадена потврда со наод и мислење од лекар специјалист, врз основа на која потврда овие лица ќе користат боледување.

Бремените жени да продолжат да ги користат мерките донесени од страна на Владата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *