• Sun. Nov 24th, 2024

Хрватскиот министер за одбрана дел од тешка сообраќајна несреќа – едно лице загина

ByЃ. K.

Nov 11, 2023

Хрватскиот министер за одбрана Марио Баножиќ утрово доживеа сообраќајна несреќа во која едно лице загина, пишува Index.hr. Возел возило кое се судрило со комбе, а возачот на комбето загинал, дознава хрватски Телеграм.

Како што потврди сменоводителот на полициската управа Вуковар-Срем, Фабијан Капулар, несреќата се случила во 6 часот и 15 минути, на излезот од Винковци во правец кон Жупања.

ПУ Вуковар-Сремска објави соопштение за несреќата.

„Утрово во 6 часот и 15 минути е пријавена за сообраќајна незгода на државниот пат ДЦ-55 на излез од Винковци кон Жупања, во која учествувале комбе и приватно возило. Возачот на комбето загинал во сообраќајна незгода, додека возачот на приватното возило (државен службеник), поради здобиените повреди е пренесен во Жупаниската општа болница Винковци“, наведуваат оттаму.

„Во тек е истрага, предводена од заменик на жупаниското државно правобранителство во Вуковар. Од 08:15 часот тој дел од државниот пат број ДЦ-55 (Винковци-Жупања) е затворен за сообраќај“, додаваат од полицијата.

By Ѓ. K.