Уште пред изборите во САД, медиуми како Базфид објавија дека вестите објавени на портали регистрирани во Македонија може да влијаат на исходот на изборната трка, а по поразот на Клинтон, ова обвинување го изнесе и претседателот во заминување Барак Обама. Претседателот Доналд Трамп, пак, ја обвини Клинтон дека била неспособна во водењето на својата кампања и смета дека со промовирањето на теоријата дека изборите биле нелегитимни, Клинтон и Демократската Партија се обидуваат да го делегитимираат неговиот избор.
– Русите се почесто вршат сајбер напади и крадат големи количества информации кои потоа ги користат за да влијаат на пазарите, на безбедносните служби и така натаму. Овојпат тие решија да нападнат јавно и да ги користат информациите како оружје. Објавуваа разноразни приказни, преку некои момци во Македонија кои држат портали за лажни вести кои се направени да изгледаат како да се ефтина верзија на Си-ен-ен или на лажен весник. Тоа беа лажни вести. Спротивната страна користеше содржини кои беа лажни и ги дистрибуираа на начин кој претставуваше личен напад, изјави Клинтон.