• Fri. Nov 22nd, 2024

Хелсиншки комитет со извештај: Недостига храна за децата бегалци во кампот во Гевгелија,невладините кои се секојдневно на Винојуг демантираат

Во текот на вчерашниот ден Хелскиншки комитет излезе со неделниот извештај во кој се вели дека немало доволно храна за бегалците и мигрантите кој се на кампот кај Гевгелија. Најголем проблем во кампот во Гевгелија се појавува со делењето на храна.Тврдат од Хелсиншки . Од неодамна, на невладините и хуманитарните организации им било забрането да делат храна, а обврската ја презел Црвен крст, за што е било надлежно Министерството за труд и социјална политика, стои во извештајот.
Но,за кратко време истиот беше демантиран од страна на невладините организации кои се секојдневно меѓу бегалците.Од хуманитарната организација Каритас најостро ги осудуваат невистините кои ги навеле Хелсиншки велат луѓе кои се Винојуг имаат редовен појадок,ручек и вечера.

Како и во изминатиот период откако е затворена балканската рута така и во текот на оваа седмица, повторно не е регистриран ниту еден бегалец кој влегол во територијата на Република Македонија.
Во кампот се донесени 4 нови контејнери, во кои ќе се сместуваат приоритетни случаи, односно жени и непридружени деца.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *