• Sat. Nov 23rd, 2024

Функционери на СДСМ на средба со граѓани во Просениково

Во рамки на работните активности во текот на летото, членот на ЦО и министер за земјоделство шумарство и водостопанство, Трајан Димковски придружуван од членот на ИО и портпарол на СДСМ Костадин Костадинов, претседателот на ОО Струмица, Марјан Даскаловски и други членови на СДСМ, учествуваше на маалска средба со жителите на населеното место Просениково, во струмичкиот регион.

Оваа влада за 2 години направи многу, но тоа не значи дека тука ќе застанеме, туку напротив со непосредните средби со граѓаните ги слушаме нивните потреби и изнаоѓаме решенија за истите. – истакна Трајан Димковски пред присутните.

-Уште првите два месеци од 2017 година ја зголемивме директната поддршка и за лозарството, градинарството, овоштарството и сточарството, преку мерките 1 и 2 се зголемија средствата за 10 и 20 отсто. Направивме дистинкција на субвенциите кои сега имаат и социјална и развојна компонента. – рече Димковски.

Тој посочи дека од оваа година има нова мерка со која се јакне социјалниот аспект, а тоа е до 1 хектар земјоделците добиваат паушал од 12000 денари, а до половина хектар 6000 денари.

Преку мерките особено во секторот на земјоделството го враќаме достоинството на земјоделците. Само преку мерката „зелена“ нафта, која започна да се реализира деновиве, околу 3 и пол милиони евра се враќаат назад кај земјоделците.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *