Во конкуренција на шест екипи, фудбалерите на Академија Пандев генерација 2008, го освоија турнирот во Петрич Бугарија посветен на легендата на бугарскиот фудбал, играчот на ФК Левски -Георги Аспарухов познат како Гунди.
Струмичките деца во финалето се сретнаа со тимот на Беласица од Петрич со кои во регуларниот дел одиграа 2:2 но во пенал серијата младите од Академија Пандев беа поуспешни и славеа со 2:0 со што го освоија пехарот. Тренерот Васко Ѓеоргиев истакна дека ова генерација фудбалери на турнирот покажале одлична игра и достоинствено го преставиле струмичкиот и македонскиот фудбал.
,,Станува збор за екипа на Горан Пандев, која има тимски дух, но сепак треба да се издвојат голманот Александар Трајков и стрелецот Андреј Тимов,, пишуваат локалните спортски портали од Бугарија
Турнирот беше во организација на општина Петрич и ФК Левски од Софија бидејки Аспарухов потекнуа од петричкото село Самуилово. Инаку турнирот го следеа и првите луѓе на општините Петрич и Струмица, Димитар Брчков и Коста Јаневски