Вкупно 13 лица се повредени во денешната сообракајка што се случила на патот Банско –Муртино во која учествувале два автобуси и две патнички моторни возила. Незгодата се случила околу 14 часот и 30 минути. Автобусите сопственост на фирмата ,,Кит го,, од Штип со кој се превезувале работници на ,,Адиент,, поранешен ,,Џонсон Контролс,, и се движеле од Банско кон Муртино. Од спротивната страна пак се движеле две патнички моторни возила Опел Комбо упраувано од жител на Радово и Опел Зафира управувано од жител на Банско. Засега не се знаат причините како настанала сообракајката од кој 12 лица поминале со полесни повреди гребнатини и набиеници,додека едно лице со потешки. На местото на настанот излегла екипа на струмичката полиција која извршила увид