Заврши турнирот, „Пандев куп 2018“ кој изминативе денови се одржуваше на игралиштата во Струмица, Турново и Василево. Екипите на Осиек од Хрватска, Академија Пандев од Струмица и Еуроспорт Пандев од Куманово се најдобрите екипи во четирите генерации дечиња за кој беше наменет турнирот. На истиот беа одиграни вкупно 156 натпревари во генерациите 2006, 2007, 2008 и 2009 година, а се постигнаа вкупно 544 голови.
Во генерацијата 2006 првото место отиде кај Еуроспорт Пандев – Куманово, вторто кај Неготивно додека третото кај Њу Старс Смилковци од Скопје. Во ова конкуренција најдобар играч е прогласен Дарио Јакимовски – Еуроспорт а најдобар голман Зафир Зафировски – Њу Старс Смилковци
Во генерацијата 2007, првото место отиде кај Осиек – Хрватска, втори беа дечињата Њу Старс Смилковци од Скопје а трети Шкендија – Тетово. Најдобар играч е прогласен Барич Иван од Осијек а анјдобар голман Пашовски Антионио од Шкендија
Во генерацијата 2008 година, домакините Академија Пандев го освои првото место, гостите од Софија Национал од Бугарија беа втори , додека третото место отиде кај Талент од Битола. Во ова конкуренција најдобар играч е Кристијан Горјанов а голман Александар Трајков
Во генерацијата 2009 гостите од Осиек Хрватска беа први , Прилеп Пандев втори додека Академија Постолов Пандев од Штип трети. Најдобар играч во ова категорија е прогласен Лука Горгиовски аголман Андро Палац
За турнирот повеќе во ВИС СПОРТ вечерва во 20.30….