Група од 20 тина струмичани заминале за Минхен за да ја бодрат ракометната селекција на Македонија на СП . Како што информираа ќе останат до последниот меч од групата Б против Шпанија и Исланд. Велат дека атмосферата е одлична и со други струмичани кои се на времена работа во Германија веќе создале катче ,,струмичани,, на трибините на олимписката сала во Минхен. Се надеваат дека македонските ракометари подржани од познатата фаланга ќе се најдат во вториот круг од Светското првенство за што е потребна уште една победа а сите типуваат против Исланд. Низ фотографии еве каква е атмосферата од струмичани во Минхен