Струмичанецот Илe Коцев под знамето на Македонија победи во професионалната ММА борба што се одржа во Цирих – Шваjцарија во рамките на Kикбоскерскиот турнир ,,ХИТ-ФЦ,, кој е еден од најпознатите во ова држава. Коцев за противник го имаше домашниот кикбоскер Андреас Душек кој потекнува од Полска и според информациите борбата била доста тешка и напорна во која македонскиот преставник покажал поголема тактика и распоредување на силите во трите рунди. Станува збор за ММА борба каде е се дозволено а Иле кој подолг временски период живее во Швајцарија истата ја доби на поени по одржаните три рундi.
,, Беше доста тешко. За овој меч се подготвував речиси еден месец и морав да ,,скинам,, дури 11 килограми за да дојдам до 84 килограми оти во спортивно немаше да ми дозволат да се борам. Последните два дена за да го симнам вишокот килограми дури ниту јадев ниту пиев вода за да го исполнам критериумот. Бев исцрпен и изнемоштен посебно во третата рудна но издржав. Доколку бев свеж можев и да го нокаутирам уште во првата рунда,, изјави за ВИС СПОРТ Илe Коцев кој тренира во клубот ,,УСД,, од Лозано Швајцарија но на турнирот настапи како професионален ММА борач од Македонија