• Mon. Nov 25th, 2024

Фото – Стадионот ,,Младост,, во Струмица ќе носи многу европски натпревари

Со реновирањето на стадионот ,,Младост,, во Струмица, Македонија доби уште еден репрезентативен објект кој ги исполнува стандардите на УЕФА и ФФМ. Ова значи дека стадионот на струмичани ќе им донесе многу европски натпревари. Така беше летово кога Вардар, Шкендија и Пелистер играа во евро куповите а заигра и македонската фудбалска репрезентација пред дваесетина дена со Албанија, дуел кој од организациски аспект беше оценет со највисоки оцени од УЕФА, како и од Албанската Фудбалска федерација.

Заради тоа  веќе на 9 октомври Струмица и стадионот ,,Младост,, повторно ќе биде местото каде фудбалските репрезентативци на чело со Горан Пандев повторно ќе заиграт. Станува збор за квалификацискиот дуел со Лихтенштајн за што ФФМ ги пушти билетите во продажба по цена од 100 и 200 денари.

За потсетување, стадионот ,,Младост,, во Струмица за краток временски период доби: надградба на рефлекторите и осветлување од 1570 лукса, поставен е „back up“ генератор во случај на снемување на струја. Изградени се две нови трибини – Источна и Западна со капацитет од 1200 нови места за седење, се инсталираа комплетно нови столчиња на останатиот дел од стадионот, со комплетна нумерација. Изградени се нови ТВ Платформи за комплетен пренос на натпревари согласно барањата на УЕФА.

Целиот стадион, вклучувајќи ги и влезовите е осветлен и е под сите безбедносни стандарди со планот за евакуација. Инсталирани се и камери за мониторинг систем за следење на случувања на и вон стадионот, од посебна контролна просторија. Вработените на стадионот се обучени за редовно одржување на теренот и доведување до врвна форма за што е набавена и нова косилка за трева.Со комплетното фарбање и освежување стадионот Младост е репрезентативен терен од висока трета категорија, кој овозможува удобност како за посетителите, така и одлични услови за квалитетен натпревар од висок ранг.

Стадионот комплетно се реконструираше за само два месеци, целосна инвестиција на Фудбалската Федерација на Македонија, а со поддршка на Агенцијата за млади и спорт и општина Струмица и ФК ,,Беласица,, како концесионер кој е единствена екипа во Македонија како второлигаш игра под рефлектори а стадионот за натпревари го користи и прволигашот ,,Академија Пандев,,

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *