Пионерскиот состав на Академија Пандев родени 2001 ја освоија КУП титулата во својата конкуренција откако во големото финале во Охрид го совладаа тимот на Вардар со минимални 1:0.
Двете екипи одиграа борбен и неизвесен натпревар. Шансите за гол се редеа на двете страни но на крај ,,пандевци,, се радуваа. Стрелец на единствениот гол беше Никола Тасев во 78 минута откако по асистенција на Бобан Тасевски го надмудри голманот на пионерскиот состав на Вардар
Со ова титула Академијата докажува дека сериозно и професионално се работи со младите категории фудбалери од кои допрва се очекуваат големи резултати