Ученици од струмичкото основно училиште Никола Вапцаров заедно со одделенската наставничка Билјана Гунова вчера присуствуваа на дуелот меѓу Македонија и Гибралтар од Лигата на Нациите во Скопје.
Децата пред да отпочне дуелот ги посетија македонските репрезентативци и им подарија чоколадца за секој фудбалер од националната селекција со нивно име а за мечот против Грибралтар напишале песничка врамена со слики од сите фудбалери од А селекцијата заедно со селекторот
Нив ги угостија репрезентативците заедно со селекторот Игор Ангеловски и директорот на репрезетнацијата Дени Масев… Еве ги стиховите од песната….
„Струмичане стигаме
И одма галама дигаме…
Идаме од Струмица цел V-1 клас
И ќе навиваме на цел глас.
Вај денеска на Гибралтар,
Да ги направате дар-мар…
Нојсто да ви играат
Ного голове да даат…
Се напред така да ооте
а не е лошо и Европското првенство да го освооте“
v1 КЛАС
ООУ Никола Вапцаров – Струмица