Средношколците од здравствените струки од СОУ ,, Димитар Влахов,, од Струмица за престојните Велигденски празници ги посетија струмичките пензионери кои се сместени во Домот на пензионерите и им подарија рачно изработени подароци. Иницијативата дошла од самите ученици вели професорката Емилија Котеска кои сакале да им ги разубават празниците на пензионерите кои живеат во Домот. Станува збор за подароци кои медицинарите сами ги изработиле по предметите за практична настава во духот на престојните Велигденски празници. Првиот човек на Здружението на пензионери Данче Даскаловска упати благодарност до средношколците од образвоните профили, медицински сестри, фармацевти и физиотерапевти со надеж дека соработката ќе продолжи и во иднина бидејки на пензионерите им е потребна контуинирана медицинска нега