Средношколците од Димитар Влахов понесоа повеќе награди на последниот МАССУМ кој се одржа во Скопје. Под менторство на професорките Весна Николова и Соња Ташева учениците Гордана, Мила, Никола и Елена го освоија прво место за најдобар видео спот. Ова училиште доби и награда за најдобар штанд под менторство на Билјана Бајрактарова, Јасмина Цамбулева и Љубица Спасова. Средношколците на Димитар Влахов се покажаа добри и во модните креации каде ја овоија втората награда. Учениците Лилјана Атанасова, Елена Донева, Елена Крстева и Јована Тимосиеска под менторство на Љупка Глазка Василев, Јасмина Цамбулева и Билјана Бајрактарова, пондудија оригинални креации за што добија пофални зборови од сите училишта. Ученикот Никола Гогов доби награда за најдобар постер под менторство на Весна Николова и Соња Ташева а во интервјуа за работа на македонски и англиски беа наградени учениците Сања Велковска и Љупка Ќортошева. Низ слики кои се наградените ученици и нивните ментори.