Поранешните кошаркари од струмичко, кои го формираат КК ,,Ветерани Струмица,, го одиграа првиот официјален натпревар и тоа меѓународен на свој терен.Во спротската сала ,,Парк,, ги угостија своите пријатели од Лесковац од Србија од клубот ,,Здравје ветерани,, од кои претрпеа ,,пријателски,, пораз со резултат од 68:79 (21:27,11:12,21:20,15:20).
Струмичките кошаркари предводени од тренерот Гоце Николов – Германо, иако во поодминати години играа како млади. Речиси во целиот натпревар беа рамноправен противник на гостите од Србија кои настапуваат во тамошната ветеранска лига. Струмичките ветерани во неколку наврати имаа и кратко водство од по два поени но немаа ,,сила,, пријателски да слават над ,,Здравје,, кои зад себе имаат огромен број официјални натпревари.
Најефикасен кај струмичките ветерани беа Николов со 22 поени, Узунов уфрли 20, Ефтимов 8, Настев 6, Зетов 5, Кечев 3, Ушинов 2 а во листата на стрелци се запишаа и другите кошаркари кои вече следниот викенд ќе земат учество на турнир за ветерани во Кавадарци