До 15 март е крајниот рок на кој заинтересираните може да аплицираат на фото конкурсот на тема „Природните и културните убавини на Општина Босилово“ што го спроведува Здружението за култура Транзен од Струмица.
Проектот е дел од одбележувањето на 2018 година, како Европска година на културното наследство.
Наградниот фонд за најдобрите фотографии изнесува 18 илајди денари за прва награда, 12 илајди денари за втората и 6 илајди денари за трета награда.
Организторите велат дека изразот и стилот на фотографијата е слободен и авторски. Освен парична награда, Здружението Транзен ќе организира и изложба со пристигнатите фотографии. Фотографиите во голема резолуција, фотографите и уметниците кои се занимаваат со фотографија може да ги испратат на е мејл адресата kult.tranzen@gmail.com