Уметникот Методи Андонов во рамките на манифестацијата ,, Маргинализирани ликовни уметности ,, во Струмица, во организација на здружението на граѓани ,,Медиа Плус,, од Штип направи карикатура за познатиот струмички фудбалер Горан Пандев кој настапува за Џенова
На карикатурата, Андонов го прикажа Пандев во дресот број 10 на македонската репрезентација, во неговата славна поза со раката на увото во исчекување на реакција на публиката по негов даден гол.
Во отсуство на познатиот фудбалер, карикатурата ја прими неговиот брат, Сашко Пандев .
Манифестацијата е во рамките на новиот културен бран на Министерството за култура со цел да се анимираат маргинализираните ликовни уметности
Фото Сречко Гунчев