• Sat. Nov 23rd, 2024

Фото – За време на фестивалот во Дојран изедени околу половина тон специјалитети од риба

ByВане Трајков

Aug 13, 2018

Заврши тридневниот фестивал на риба и вино во Дојран каде секоја вечер се служеа специјалитети од риба , вино, проследено со добар музика од македонски бендови и интерпретатори.  Според информациите од угостителите за трите вечери на плоштадот ,,Под јаворите,, во Дојран но и во угостителските објекти познати по вкусна риба, биле изедени околу половина тон разновидни специјалитети. Најмногу се барале плескавици од икра, потоа разните видови на подготовка на крап, црвеноперка, лигњак а се консумирала и риба на трска

,, Се надевам дека успеавме да ги презентираме нашите локални кулинарски специјалитети од риба. Дојран е препознатлив по вкусна и свежа риба и кога истата ќе се приготви на традиционален начин таа станува предизвик за сите посетители. Фестивалот на рибата и виното ги оправда нашите очекувања. Лично сум задоволен од посетеноста и повеќе од сигурен сум дека овој фестивал ќе биде традиционален и мапиран на картата на вакви фестивали во Европа,, ни изјави градоначалникот Анго Ангов кој најави нови културни и забавни содржини во престојниот период како дел од  туристичка понуда на Дојран

За време на фестивалот  свои настапи имаа Влатко Стефановски, Влатко Лозанвоски, Љубојна, Шајн, Џубок бенд, Тајзи кои само ја надополнија атмосферата на плоштадот каде вриеше од гости

Заради цутењето на алгите и лековитоста на водата, голем број гости престојуваат во ова туристичко место. Ги има од земјава и странство кои освен по уредените плажи уживаат и во убавото време но и во разновидните специјалитети што ги нудат угостителите

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *