Заврши вториот дел од „Пандев Куп 2018“ кој се одржа во Струмица и Скопје за фудбалери родени 2002, 2003, 2004 и 2005 година. Во периодот од 30 јули до 4 август беа одиграни 76 натпревари во кој беа постигнати дури 323 гола. Учествуваа 32 екипи од земјава и странство.
Надежите од Академија Пандев постигнаа одлични резултати во три генерации а најдобар пласман освоија со генерацијата 2004 каде го освоија второто место а со 2002 и 2005 беа трети . Еве го редоследот на најдобрите во сите конкуренции
2004 генерација
Плејоф А
- Ботев Пловдив – Бугарија
- Академија Пандев – Македонија
- Сесвете – Хрватска
2005 генерација
Плејоф А
- Национал – Бугарија
- Ботев Пловдив – Бугарија
- Академија Пандев – Македонија
2002 генерација
Плејоф А
- Бенатул Темишвар – Романија
- Вардар – Македонија
- Академија Пандев – Македонија
2003 генерација
Плејоф А
- Реал Ниш – Србија
- Јагодина – Србија
- Вардар – Македонија