Димитар Витанов од Струмица ги собра сите можни златни медали во кадетска конкуренција. Откако минатиот месец се закити со злато во кати, тој денеска на државното првенство во техника и борби се закити со нови две злата со што стана апсолутен ШАМПИОН во традиционално карате во кадетска конкуренција на Македонија
14 годишниот Витанов е член на Карате клубот АБЦ и преставува светла надеж на струмичкото карате откако оваа година беше на самиот врв на европскиот Дунав КУП во Австрија и Светскиот КУП во Белград
Инаку Витанов под тренерска палка на мајстор Ристо Обрадов сериозно се наметнува и во македонската карате селекција во младинските погони а беше дел и од Балканскиот шампионат во Романија