Уште еден успех постигнаа младите на Академија Пандев, овој пат дечињата од генерацијата 2002 и 2003. На завршниот турнир за Шампиони на Македонија во овие генерации, најмладите од Академијата денеска забележаа победи во финалните натпревари.
Генерацијата 2002 славеше против Вардар од Скопје со 2:1. Стрелци за головите за Академијата беа Тасев и Парталко, додека генерацијата 2003 со идентичен резултат ги надиграа дечињата на Шкендија од Тетово. Стрелци за ова генерација на фудбалерчиња беа Шутевски и Коцев