• Fri. Nov 22nd, 2024

Фото-Виктори Волеј со победа ја започна Првата лига, во градското дерби го надигра Наковски Волеј

Дебитантот во елитното женско одбојкарско натпреварување, Виктори Волеј со победа го започна прволигашкиот шампионат на Македонија. Славеше против градскиот ривал Наковски волеј со 3:1 во сетови и го направи најголемото изненадување во првото коло презентирајки се како тим кој нема да биде лесен залак за прволигашите во земјава.

Девојките на Кире Јанков предводени од искусните Илков, Димитриева и Василеваодиграа одлично во сите четири сета. Одлично се покажаа и младите Гошева, Иванова, Додевска и Владевска а одвреме навреме им помагаа и  Крстева,Костадиновска и Каралијска. Сите тие презентираа игра во која Наковски волеј не успеа да се пронајде.

Виктори В. првиот сет го освои со 25:17. Во вториот беа уште подоминантни со 25:13. Наковски Волеј возврати во третиот сет добивајки го со 25:20. Последниот, четврти сет беше и највозбудлив. И двата тима се менуваа во водство .Виктори сакаше сигурна победа, Наковски се обидуваше за тај брејк, но на крај се радуваа домаќинките со 25:23 за конечини 3:1

Наковски одигра под своите можности иако имаше огромна подршка од трибините каде посетителите со аплаузи го поздравуваа секој освоен поен. Салата Партизан беше претесна и постојано се скандираше те за Виктори те за Наковски волеј. Но сепак првото градско дерби го добија девојките предводени од Јанков и Илков

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *