Булеварот Маршал Тито во Струмица доби нов лик. Проектот за хортикултурно уредување што го реализира ЈП Комуналец од Струмица е во завршна фаза. Како што информираше директорот на Зоран Ѓеоргиев со уредувањето на овој булевар се заокружуваат активностите за оплеменување на сите булевари во градот, за што во иднина побара поголема грижа од граѓаните за чување на новите садници
Како што информираа од Комуналец уреден е простор од околу 1300 квадратни метри , вдолж булеварот во должина од околу еден километар. На овој простор се засадени 1500 разновидни садници кои одговараат на струмичкото поднебје. Истите ќе дадат нова слика на овој дел од градот но нема да пречат ниту на учесниците во сообраќајот