За престојните новогодишни и божиќни празници, фудбалери од ,,Академија Пандев,, заедно со сопственикот Горан Пандев ги посетија дечињата во ЈУДГ,, Детска радост ,, во Струмица каде што се дружеа, при што им доделија новогодишни пакетчиња. Пандев на дечињата им посака среќни празници и безгрижно детство и колку што можат повеќе да играат и спортуваат во иднина
,, Ние секоја година доделувавме пакетчиња на најмалите членови на Академијата но ова година се одлучивме да доделиме пакетчиња на сите деца од струмичките градинки. Убаво е чувството кога си со најмалите. Се интересираа како се дават голови. Им посакавме среќни празници безгрижно детство и да си играат колку што можат повеќе со топка, да спортуваат и да бидат утре задутре добри спортисти,, рече Пандев кој од своите најмали,, фанови,, за возврат доби неколку детски новогодишни песнички