По три години пауза Фудбалскиот клуб ,,Василево,, повторно се враќа во Третата фудбалска лига исток на Македонија. Како второпласирни во општинската лига, василевчани се изборија за повисок ранг на натпреварување и веќе од следната сезона во општинскиот центар Василево на стадионот ,,Цар Самоил,, да се гледаат најдобрите третолигашки фудбалски екипи од Источна Македонија
Според информациите од претседателот на клубот а воедно и играч на тимот – Александар Ристов кој најзаслужен за камбекот на василевчани во Третата лига, подготовките за новата сезона започнуваат идната недела. Веќе се разговарало да се донесат нови играчи на дефицитарните позиции со цел да бидат достоен противник на третолигашите.
,, Со подготовките започнуваме во понеделник и верувам дека ќе направиме тим за респект кој на свој терен ќе биде ,,тврд орев,, за сите третолигаши. Станува збор за фудбалери кои се претежно од нашата матична општина но заради дефицит на одредени позиции и искуство плус, ќе мора да ангажираме и некои фудбалери,, ни изјави Ристов кој очекува подршка од василевските институции и фирми во опстојувањето на клубот како репрезент на општината
До стартот на новата сезона ќе се тренира на стадионот во Василево кој според првите луге на Агенцијата за млади и спорт при неодамнешната контрола доби највисоки оценки за одржување на спортските терени