• Wed. Nov 27th, 2024

Филмот „Кино љубов“ на Јани Бојаџи ќе биде прикажан во НУЦК „Антон Панов“, Струмица

ByЃ. K.

Nov 13, 2023

На 14 ноември (вторник) во 20:00 часот, во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица ќе се прикажува филмот „Кино љубов“ на режисерот Јани Бојаџи.

СОДРЖИНА:

Коста е актер кој четири години е без ангажман во неговиот театар. Дополнително на сѐ, се случува епидемија на корона. Неиграњето го убива. Така доаѓа на идеја да го реализира својот животен сон да направи приватно кино во кое ќе се прикажуваат само љубовни филмови. И решава да земе заем од неговиот шура Стево, инаку познат лихвар во градот. И покрај настојувањето на целото семејство да ја разбере ситуацијата дека Коста не може да го врати заемот, Стево е немилосрден, си ги сака парите назад. Така се растура семјеството потонато во меѓусебни долгови и недоразбирања кои завршуваат со бомба која под колата на Стево му ја подметнуваат сопругата и сестрата.

Главни улоги: Дејан Лилиќ, Јелена Жугиќ, Роберт Ристов, Мирјана Ристова, Благоја Чоревски-Чоре.

Времетраење: 93 минути

Категоризација: 16+

By Ѓ. K.