• Fri. Nov 22nd, 2024

Филипче ја повика и МВР да реагира за забавите низ клубовите

Министерот за здравство, Венко Филипче, смета дека е недозволиво вакво собирање низ клубовите во услови на пандемија. Тој ги повика институциите заедно со МВР да реагираат за д асе спречи ескалација на состојбата.

„Гледам фотографии на социјалните медиуми од журки и забави во повеќе градови без да се почитуваат протоколите и мерките за заштита од Ковид-19. Барам итно надлежните институции – МВР и надлежните инспекторати да спроведат истраги и да ги санкционираат овие собирања на недозволен начин! Младите мора во целост да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирус, да се заштитат себе си и своите најблиски, да носат задолжително заштитни маски, да одржуваат хигиена и дистанца. Клучно е сите да ги почитуваат мерките за да се спречи ширењето на вирусот и секое непочитување на мерките да биде соодветно санкционирано“, напиша Филипче на официјалниот фејсбук профил.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *