Епидемијата го достигна пикот минатата недела, сега бројките се стабилизираат, а Р-факторот на преносливост е 1“, вели министерот за здравство, Венко Филипче.
„Во однос на болничките капацитети, во внатрешноста има речиси 1.000 болнички легла, во Скопје интензивно работевме во изминатиот период за проширување на капацитетите на интерните клиники и се обезбедени приближно 200 легла. Клиниката за оториноларингологија има капацитети кои сè уште не почнале да се исполнуваат. Ќе бидат на располагање и 100 кревети на почетокот на следната недела од приватните клиники“, вели Филипче.
Министерот вели дека она што охрабрува е што покрај големиот број новозаразени, расте и бројот на оздравени.
„Координацијата е секојдневна со директорите на сите болници во државата, се случува некој пациент да дојде ненајавен и да се створи нервоза кај семејството, но тоа се решава на дневна основа“, вели Филипче.
Министерот смета дека бројот на смртни случаи расте на глобално ниво, од кои 81 процент во регионите на Европа и Америка.
„Во однос на регионот, забележително е дека бројот на нови случаи останува на високо ниво, многу благо се намалува, а бројот на смртни случаи останува висок на дневно ниво“, вели Филипче.