Меѓу граѓаните се шири имејл со невисината содржина испратен од лажна адреса, која личи на Министерство за здравство, соопшти министерот Венко Филипче. Тој додаде дека за случајот е известен Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи и дека тој веќе постапува за овој случај.
Официјалната имејл-адреса на Министерството е: contact@zdravstvo.gov.mk.
Филипче апелира до граѓаните да не потпаѓаат на оваа манипулација.
„Ширењето лажни информации, особено во овие кризни времиња, е опасно за здравјето и безбедноста на граѓаните и штетно за целото општество“, вели Филипче.