Здравствениот систем го подготвуваме за вакцинација за Ковид-19. Ова ќе биде една од најголемите логистички операции која ќе треба да ја спроведеме, вели министерот за здравство Венко Филипче во објава на социјалните мрежи.
Тој објави дека вакцинирањето ќе го спроведат лекари и медицински сестри кои во овој момент не работат со ковид-пациенти.
„Делот на прием, чувањето на вакцините, дистрибуцијата до местата каде што ќе бидат аплицирани веќе планот е во завршна фаза, но во текот на следната недела ќе организираме и една вежба на терен како тоа би изгледало“, соопшти министерот.
Како што додаде, препораката е први да бидат вакцинирани здравствените работници, вработените во војската и полицијата, сите јавни службеници, во јавниот транспорт, хроничните болни сите критични групи согласно мислењето на експертите.
извор: Макфакс