Министерот на здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција посочи дека тешко е да се прогнозира кога заразата со коронавирус ќе го достигне врвот во земјава.
„Ова што ќе го кажам се некои проценки, некои математики. Можно е бројот на пациенти, заболени во нашата земја да достигне до 2.000, а пикот да биде за некаде околу еден месец од сега“, рече Филипче.
Во земјава досега има вкупно 26 лица заразени од вирусот Ковид-19, од кои најголемиот дел се во Дебар, каде има 20 инфицирани, а шестмина се од Скопје.
Една пациентка е успешно излекувана од вирусот.