Фајзер произведе лек за ковид. Паксловид нова надеж во лекувањето
Нова надеж во лекувањето на Ковид. Првиот лек во форма на таблети Паксловид на Фајзер од денеска доби дозвола за користење во САД, а во Европа, агенцијата за лекови го дозволи за итни случаи.Од Фајзер врдат дека лекот ја намалува хоспитализацијата за 90 проценти и ризикот од смрт кај ризични пациенти, а ќе се дава на д 12 годишна возраст.
– Се надеваме на нешто извонредно, реткост е да имате лек со 90% ефикасност и 100% заштита од смрт. – велат од Фајзер.
Лекот го спречува размножувањето на коронавирусот. САД веќе купила 10 милиони пакувања., Британија 250 000, а многу земји го порачаа пред да биде официјално одобрен. Во исто време Омикрон се шири со неверојатна брзина. Денеска е откриен и во Србија.