• Fri. Nov 22nd, 2024

Фатено лице на бензинска во Василево како нуди ваучери за гориво за да се гласа за одредена политичка партија

Денеска во Основното јавно обвинителство Струмица е доставено известување за лице кое на бензиска станица во с. Василево, нудел ваучери за гориво за да се гласа за определена политичка партија. Обвинителството издаде наредби за обезбедување на видео камери, видео записи и преземање дејствија во насока на утврдување на фактите.

Во струмичкото обвинителство примени се известувања за уште два настани, случени вечерта на 14.07.2020 година. Едниот во с. Добрадинци каде околу 21.00 часот лице нудело пари за да се гласа за определена политичка партија. Вториот настан се случил во с. Дражево, каде околу 21.50 часот лице вработено во Центарот за социјални работи вршело агитација со закани за да се гласа за определена политичка партија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *