• Mon. Nov 25th, 2024

Фактор: „Мамас“, „Випро“ и „ДИЕМ“ рекордери по приход од ајвар и туршија

Двете фирми на Заеви „Мамас Фоод“ и ќерката „Тргопродукт“ лани направиле приходи од речиси 15 милиони евра, пишува порталот Фактор (faktor.mk).

Нивните конкуренти од Гевгелија: ДИЕМ и „Випро“ лани од продажба инкасирале 10,5 милиони евра. Сите четири компании, познати бренд производители на ајвари, конзервиран зеленчук и овошје лани имаат добивки од работењето, пишува веб порталот Фактор.

Четири големи македонски капацитети за преработка и конзервирање зеленчуци и овошје лани направиле приходи од 25 милиони евра. Резултат за почит, кој покажува дека има бизнис во производството и конзервирањето на зеленчуци и овошје. Сите четири компании се со седишта во југоисточна Македонија и по две во Струмица и околијата и другите две во Гевгелија, покажува анализата во Фактор.

Целиот текст погледнете го на следниот линк.

https://faktor.mk/koj-pravi-milioni-evra-promet-od-ajvar-i-turshija

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *