• Fri. Nov 22nd, 2024

УЈП со опомени за 4 557 струмички земјоделци за неплатен данок, им се заканува присилна наплата

Околу 4 илјади и 500 земјоделци од струмичко се соочуват со блокирање на нивните сметки доколку во наредните денови не ги подмират своите обврски на име данок на приход од вршење земјоделска дејност што е речиси половина од евидентираните земјоделци од овој регион. Шалтерите на УЈП во Струмица се окупирани од земјоделци кои бараат одговор зошто и за кој период добиваат опомени бидејки во решенијата немало објаснување

Од УЈП потврдија дека деновиве се издадени опомени до земјоделците кои не си го платиле персоналниот данок на доход за приходи од вршење земјоделска дејност .

,,Управата за јавни приходи согласно Законската процедура издава опомени за неплатен долг кој обврзниците имаат обврска да го платат во рок од седум дена . Доколу не биде платена опомената следи постапка на присилна наплата. Во Струмица се издадени 4,557 опомени заради неплатен персонален данок на доход за приходи од вршење на земјоделска дејност,, информираа од регианалната дирекција на УЈП од Штип

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *