• Sat. Nov 23rd, 2024

Уште три влашки колиби и првиот мотел ќе никнат покрај Мантово

Влашките колиби кај езерото Мантово се интересна атракција за туристите. Изградени во стар стил, од дрво со бетонска подлога-стануваат се повеќе привлечни за домашните но и странски посетители. Затоа туристичката понуда ќе биде збогатена со изградба на уште три влашки колиби. Сместени на преубава локација, со поглед кон мантовското езеро, шесте дрвени влашки колиби ќе бидат погодни за престој на посетителите. Паралелно се уредува и останатиот простор, се прават летниковци, паркинзи, ќе се поставуваат патокази, а ќе се реализираат и два пристапни пата кои водат до Мантово.

Наскоро ќе почне и изградбата на првиот мотел кај Мантово, за што домашен инвеститор добил дозвола за градба, рече градоначалникот Јованов. Овој проект е многу значаен за општината, бидејќи уште повеќе ќе се зголеми интересот кај туристите за посета на ова место, каде што наскоро ќе почне и изградбата на свои викендици.

За изградбата на новите три колиби одобрен е проект за прекугранична соработка со бугарската општина Ќустендил. Станува збор за проектот за партнерно уредување и поставување на урбана опрема на излетничкото место кај езеро Мантово. Вкупната вредност на овој проект е 170 илјади евра.