Италија е втора земја во светот по Кина којашто е најсилно погодена од пандемијата КОВИД – 19. Во изминатите 24 часа има 3253 новозаболени и 349 мртви. Слична беше ситуацијата и вчера. Ова се најтешките денови за Италиај од почетокот на епидемијата со корона – вирусот. Вирусот се со голема брзина се шири и во Иран и Шпанија, а и други земји бележат голем број заболени за период од 24 часови, како Германија и САД.
Поради тоа речиси сите земји преземаат многу построги мерки за надминување на состојбата и обид да престане да се шири вирусот.