Клубот на млади волонтери при Црвен Крст -Струмица беа во централната детска градинка Детска Радост, таму беше реализиран ПХВ проектот Учиме Прва помош со најмладите, инаку проектот е на младата волонтерка Катерина Накова.
Околу 120 дечиња од оваа градинка имаа можност да се запознаат со првата помош, што се прави кога некој е во бесознание, младите дечиња учеа за преврски, за вештачко дишење и се што е во доменот на оваа област, а секако од големо значење за сите па дури и за најмладите.
Исто така тие добија боенки и флаери со најважните телефонски броеви и тоа на полицијата, брзата помош како и пожарната, бидејќи тие броеви се доста важни и би било потребно и најмладите да ги знаат.