• Fri. Nov 22nd, 2024

Ученици од СОУ„ Никола Карев “, Струмица беа дел од Светското првенство во одбојка

Одбојкарите од СОУ „Никола Карев„ од Струмица го освоија 16-то место на Светското првенство во одбојка. Помеѓу 32 екипи и исто толку средни училишта од целиот свет, тие беа златна средина на натпреварот во одбојка, кој годинава се одржа во Белград. Директорот Драган Јанков е задоволен од успехот на своите ученици, бидејќи како што рече нивна среќа била да се најдат во група со најсилните екипи од светот.

Своето задоволство го искажаа и тренерите на машката одбојкарска екипа на СОУ „Никола Карев„ од Струмица. Тие велат дека и дружењето било на највисоко ниво, при што сите екипи имале можност да се претстават со традиционалната култура на своите земји.

Светското првенство во одбојка годинава се одржуваше од 25 јуни до 3 јули во Белград.