На ден 26.4.2024 година (петок) се одржа општинскиот натпревар по прва помош во Градскиот парк организиран од страна на Црвен крст Струмица, каде учествуваа учениците од основните и средните училишта од Струмица организирани во категории подмладок и младина. Учествуваа 14 екипи на 5 пунктови каде ги презентираа стекнатите знаења, вештини и техники за укажување прва помош.
Прво место во категоријата подмладок беше екипата на ООУ “Видое Подгорец” Струмица, второто место го освоија екипите на ООУ “Сандо Масев” – Струмица и ООУ. “Герас Цунев” – с.Просениково, а трета беше екипата на ООУ “Никола Вапцаров” – Струмица .
Во категоријата младина првото место и правото на учество на Регионалниот натпревар по прва помош, го освои екипата на СОУ “Јане Сандански” од III година второто место го освои екипата од I година а третото место екипата од II година од СОУ ”Јане Сандански”.
За регуларноста на натпреварот и оценувањето на екипите се грижеа судии (медицински лица од Црвен крст Струмица), а за реалниот приказ на сценаријата и „повредите“ на пунктовите се погрижи се шминкерката Надица Пелтечка и 9 актери од Клубот на млади.
Во едукативниот и забавниот дел од натпреварот младите ги покажаа своите знаења за хуманитарното движење на Црвениот крст на пунктот за дисеминација преку квиз припремен од волонтерите на Клубот на млади, но и имаа можност да поразговараат за менталното здравје со екипата на ППП и да се позабавуваат со забавни игри како пикадо, решавање крстозбор и други забавни игри.