Europe House Струмица заедно со група ученици од ООУ „Сандо Масев“ Струмица, одржаа дневна работилница по повод одбележувањето на Светскиот ден на водата, Светскиот ден на шумите и Светскиот ден на дивиот свет.
Оваа работилница имаше за цел да ги запознае младите за важноста на природата, како да ги чуваме и правино користиме водата, шумите и дивиот свет.
Научија техники како полесно да се снаоѓаат во природа, како да филтрираат вода, безбедно палење оган во природа, како и други методи и совети со кои ќе се заштитиме без да наштетиме на околината.
Организаторите упатија голема благодарност за соработката на Сојуз на извидници на Македонија – Scout Association of Macedonia и Извиднички Одред Еквинокс – Штип – Scout Group Equinox Shtip.