По повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, 21 февруари, во просториите на Библиотека Благој Јанков Мучето Струмица, во соработка со Europe House Струмица и основното училишта ООУ „Сандо Масев“ Струмица со наставникот Далибор Плечиќ и учениците од VII одд. одржаа работилница под мотото „Колку јазици човек познава – за толку луѓе вреди“ – на која учениците читаа пораки на својот мајчин јазик (македонски, српски, грчки, хрватски, украински), како и на јазици кои ги изучуваат на училиште (англиски, италијански, германски и француски).
Гостин на настанот беше младиот Адем Мемедов кој прочита дел од својата поезија на турски јазик.
Главната цел на одбележувањето на овој ден беше подигнување на свеста за јазичната и културната разновидност насекаде низ светот. Јазиците се најмоќниот начин да се зачува и развива културата и да се промовира низ целиот свет.
Координатори на работилницата беа м-р Аница Глигорова Милева, библиотекар-советник и м-р Гонца Запрова Анастасова, виш библиотекар.