Ученици од четвртите одделенија во основното општинско училиште „Сандо Масев“ денеска беа во посета на општина Струмица. Целта на посетата беше одблиску да се запознаат со работата на Градоначалникот и на локалната самоуправа и нејзините служби, а во рамките на совладувањето на материјалот по предметот општество. Децата покажаа голем интерес за функционирањето на локалната самоуправа, а градоначалникот Зоран Заев од нив доби поклон – цртежи и пораки нацртани и испишани од нивните вредни раце.