• Sun. Nov 24th, 2024

Ученици и професори од струмичката гимназија заедно ќе пеат за патрониот празник на училиштето

ByDimitar Micev

Apr 18, 2018

Ученици и професори од струмичката гимназија заедно ќе пеат за патрониот празник на училиштето. Денес во просториите на кабинетот по музичко се чувствуваше весела атмосфера, завршуваат последните подготовки за свечената церемонија која ќе одржи во понеделник во Центарот за култура „Антон Панов“.

Патрониот празник ќе се одбележи со спој на три генерации. Генерација што заминала, генерација што воспитува и генерација што е на пат за оформување на своето образование. Катерина Хаџиеленова е професор во пензија по француски јазик, а годинава ќе биде во улога на пејач.

СОУ „Јане Сандански“ својот патрон празник ќе го одбележи и со положување свежо цвеќе пред спомен бистата на народниот херој. А во сабота на 28 април ќе се одржи премиерата „Трошки надеж“ во сценарио и режија на ученици од струмичката гимназија.

Патрониот празник на училиштетото „Јане Сандански“ се одбележува секоја година на 23 април.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *