Од утре до понеделник ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд.
Во четврток и петок на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и услови за изолирана појава на град.
Од четврток до сабота дневната температура ќе биде во постепено опаѓање.
Препорака: Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.